POVODI

SIMBOLIKA, ETNICKO CISTENJE NA MAKEDONCITE  ILI NESTO DRUGO?LOKALNATA VLAST I POLICIJATA POCNA OD "TUPANCE"!

PRASANJE:" KOGA KE SE RUSAT DIVOGRADBITE VO DRENOVEC OD KADE SE PUKASE NA POLICIJATA I VOJSKATA"?

DNEVNIK DONESUVA :

УРБАНАТА ПОЛИЦИЈА РАБОТЕШЕ ВО ЦЕНТАРОТ НА ТЕТОВО
Семејството Васовски остана без куќата

Под силно полициско обезбедување и во присуство на претставници од одделението за урбана полиција при Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам и екипи на СВР Тетово, вчера присилно беше срушена семејната куќа на семејството Васовски од Тетово, лоцирана во строгиот центар на Тетово. Со уривањето на куќата стара околу 70 години, а за која со семејството Васовски е воден спор уште од 1971 година, ќе биде отворен простор за изградба на булеварот Маршал Тито.

Божидар Васовски, сопственик на куќата, вчера беше сведок како од домот му се изнесува покуќнината, а потоа како му се урива куќата. .

- Јас мислам дека сум во право. Тие немаат судско, управно ниту извршно решение за рушење. Ќе ги тужам за малтретирање и за надомест на материјална штета - изјави Васовски.

Меѓутоа секретарот на Советот на општина Тетово вели дека врз основа на извршна одлука на Врховниот суд, донесена во 1999 година, е одлучено спорниот објект да се урне поради јавен интерес. На Васовски му било доставено таквото решение, а 15 дена пред уривањето на куќата, уплатен е и паричниот надомест во висина од 4,80 милиони денари, кои се депонирани во суд. (Д.С.)

Prevzemeno od Dnevnik