Избрани градоначалници во 33 општини

Аеродром -Ивица Коневски (Коалицијата ВМРО-ДПМНЕ) 19.009 гласови.

Арачиново Шефик Дураки (ДУИ ) 1.989 гласови.

Бутел -Петре Латиновски од ВМРО-ДПМНЕ 8.712 гласа.

Ѓорче Петров- Сокол Митровски од Коалицијата) 12.227 гласови.

Сарај - Блерим Беџети од ДУИ 8.203 гласа.

Битола - Владимир Талески  - ВМРО-ДПМНЕ 24.477 гласови.

Босилово - Љупчо Колев ВМРО-ДПМНЕ со 4.343 гласови.

Валандово - Николче Чурлиновски ВМРО-ДПМНЕ со 4.133 гласови.

Василево-Ванчо Стојанов -коалицијатаЗа подобра Македонијасо 4.326 гласови.

Виница-Емил Дончев  -коалицијатаЗа подобра Македонија“5.585 избирачи.

Вранештица -Ванчо Србаковски од СДСМ со освоени 545 гласови.

Градско-Глигур Коцев од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 1.517 гласови.

ДебарАргетим Фида  (ДУИ) со 4.276 гласови.

Дебарца - Љупчо Којчиновски (СДСМ) со 1.851 глас.

Демир Капија - Трајче Димитриев - коалицијатаЗа подобра Македонијасо освоени 1.497 гласови.

Другово - Добре Никоски - коалицијатаЗа подобра Македонијасо 942 гласови.

Зајас Бесим Велиу Кандидатот на ДУИ  со 2.759 гласови.

Кавадарци - Александар Панов од коалицијатаЗа подобра Македонијасо освоени 12.344 гласови.

Кичево- Благоја Деспотоски - Ташко - коалицијатаЗа подобра Македонијасо 8.051 гласови.

Кочани - Ратко Димитровски од коалицијатаЗа подобра Македонија“  11.308 гласови.

Кратово - Мите Андоновски од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 3.191 глас.

Крива Паланка - Арсенчо Алексовски од коалицијатаЗа подобра Македонија“ 6.284 гласови.

Актуелниот градоначалник Зоран Дамјановски од СДСМ победи во Куманово со освоени 24.676 гласови.

Новаци - Лазар Котевски на коалицијатаЗа подобра Македонијасо освоени 1.538 гласови.

Осломеј- Фатмир Дехари (ДУИ) со 2.081 глас.

Пехчево -Јованчо Станоевски од коалицијатаЗа подобра Македонија“ 1.987 гласови.

Прилеп- Марјан Ристески на коалицијатаЗа подобра Македонија“29.226 гласови .

Пробиштип - Тони Тоневски од коалицијатаЗа подобра Македонија“ 6.449 гласови.

Ранковце- Орце Тодоровски на коалицијатаЗа подобра Македонијасо 1.398 гласови.

Свети Николе -Роберт Ѓоргиев од коалицијатаЗа подобра Македонија“ 6.304 гласови.

Струмица - Зоран Заев на СДСМ со освоени 21.446 гласови.

Центар Жупа -Мазлум Хасан од ДПТМ со 1.600 гласови.

Штип - Зоранчо Ангелов од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 15.084 гласови

 

 

Кандидати за градоначалници - втор круг

Во Општина Гази Баба кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Тони Трајковски освоил 17.372 гласа. Зад него е Милентија Јаневски од СДСМ со 4.847 гласови.

Во Општина Кисела Вода прв со 12.276 гласа е Марјан Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ, а втор кандидатот на СДСМ Благоја Симоновски со 6.847 гласа.

Во Општина Центар прв е Владимир Тодоровиќ од ВМРО-ДПМНЕ со 10499 гласа. Втор е Мирослав Вујиќ со 9.423 гласа.

Прв во Општина Чаир е Изет Меџити од ДУИ со 11.870 гласа. Следи Фатмир Етеми од Нова демократија со 5.295 гласа.

Во Општина Шуто Оризари Курто Дудуш од коалицијатаЗаедно за Шуто Оризариима освоено 3.066 гласа. Втор е Елвис Бајрам од Сојузот на Ромите со 2.672 гласа.

Во Берово во првиот круг најмногу гласови освоил кандидатот на СДСМ Антонио Двојаковски - 4.344, а втор е Драги Наџински од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 4.160 гласови.

Во Богданци во вториот круг одат Ристо Ичков од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 1.704 гласови и Владимир Аврамов од група избирачи со 1.246 гласови.

Во Боговиње во вториот круг за градоначалничкото место ќе се борат Хазби Идризи од ДУИ со освоени 4.454 гласови и Земри Асани од ДПА со 3.560 гласови.

За градоначалник во Вевчани во вториот круг ќе се борат Перо Илиески од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 695 гласови наспроти актуелниот градоначалник и независен кандидат Васил Радиноски со 460 гласови.

Во Велес за градоначалничката функција во вториот круг ќе се соочат актуелениот градоначалник и кандидат на ЛДП, СДСМ и НСДП Аце Коцевски со освоени 13.306 гласови, и Горан Петров од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 11.661 глас.

Во Врапчиште во вториот круг одат Бајрам Кадрија од ДУИ со 4.003 и Митасин Беќири од ДПА со 1.496 гласови.

Во Гевгелија во водство е Иван Франгов од коалицијатаЗа подобра Македонијасо освоени 6.738 гласови, кој во вториот круг ќе се натпреварува со Петко Смилков од СДСМ со 5.052 гласови.

Независниот кандисат Руфи Османи води по првиот круг во Гостивар со освоени 15.792 гласови пред актуелниот градоначалник од ДУИ Невзат Бејта 9.546 гласови.

Во Делчево по првиот круг во водство е Горан Малешевски кандидат на коалицијатаЗа подобра Македонијаза кого гласале 535 избирачи. Второпласиран е Мирко Иванов од СДСМ со 3.545 гласови.

Во вториот круг во Демир Хисар ќе се соочат Љупчо Најдовски од СДСМ со 2.895 гласови и Тони Ангелески од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 2.824 гласови.

Во Зелениково по првиот круг во водство е независниот кандидат Борче Гиевски со освоени 763 гласови пред Веле Груевски од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 753 гласови.

Во Зрновци во водство е кандидатот на коалицијатаЗа подобра МакедонијаБлаже Станков со 932 гласа пред Венцо Стојков од СДСМ со 645 гласа.

Актуелниот градоначалник од коалицијатаЗа подобра МакедонијаЖика Стојановски со освоени 4.334 гласови води пред Мишо Марковски од СДСМ со 2.702 гласови во општина Илинден.

Во Јегуновце во вториот круг одат актуелниот градоначалник од коалицијатаЗа подобра МакедонијаТони Коцески со 1.996 гласови и Мирче Јовановски од СДСМ со 1.231 гласови.

Во Дојран по првиот круг води Глигор Чабулев од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 1.075 гласови пред независниот Боне Стевановски со 702 гласови.

Во Долнени во вториот круг влегуваат Абдула Бајрамоски од ДУИ со 2.053 гласови и Боше Милошески од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 1.851 глас.

Во Карбинци по првиот круг води Јордан Насев од СДСМ со 1.141 глас пред Васил Богдански од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 782 гласови.

Во вториот круг во Конче одат Стојан Лазарев од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 788 гласови и Тони Петров од ВМРО-НП со 577 гласови.

Во Кривогаштани во вториот круг вклегуваат Гоце Дуртаноски од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 1.545 гласови и Горан Каравилоски од СДСМ со 1.035 гласови.

Во Крушево во вториот круг ќе се соочат Ташули Јуца од СДСМ со освоени 2.581 глас и Василчо Дамчески од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 2.434 гласови.

Во Липково во вториот круг влегуваат Садула Дураки од ДУИ со 3.933 и Ваит Саити од НД со 2.796 гласови.

Во вториот круг во Лозово ќе се соочат Јордан Павлов од СДСМ со 555 гласови и Орце Цветковски од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 488 гласови.

Во Македонска Каменица по првиот круг во предност е Дарко Митевски од коалицијатаЗа подобра Македонијасо освоени 2.376 гласови пред Перо Митревски од ВМРО-НП со 1.551 гласови.

Според податоците од ДИК, во Македонски Брод во вториот круг одат независниот кандидат и актуелен градоначалник Милосим Војнески со освоени 2.052 гласа и Драган Настески одКоалицијата за подобра Македонија“.

Во Могила во вториот круг ќе се соочат Славко Велевски од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 1.681 глас и Сребре Нечовски од СДСМ со 1.144 гласови.

Во вториот круг во Неготино влегуваат Пане Трајков од коалицијатаЗа подобра Македонијасо освоени 5.461 глас и Ѓорѓи Кимов од СДСМ со 3.655 гласови.

Петар Спасов од СДСМ со освоени 3.178 гласа и Ѓорѓе Паљошковски од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 2.636 гласови ќе се соочат во вториот круг во Ново Село.

По првиот круг во Охрид во водство е актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ Александар Петрески со освоени 13.773 гласови пред Кирил Трендафилов - Нанче од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 12.978 гласови.

Петровец во вториот круг влегуваат независниот кандидат за градоначалник Ѕвонко Цветковски со 2.259 гласа и Борче Митевски од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 1.712 гласови.

Во Радовиш во втриот круг силите ќе ги одмерат Роберт Велков од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 6.790 гласови и Зоранчо Здравковски од СДСМ со 5.607 гласови.

Во вториот круг во Ресен влегуваат актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ Димитар Бузлевски со 4.765 гласови и Михаил Волкановски од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 4.122 гласови.

Во Росоман по првиот круг во предност е Гоце Величковски од СДСМ со освоени 1.290 гласови пред Стојанче Лазов од коалицијатаЗа подобра Македонијасо 1.260 гласови.

Јован Ѓорѓијоски од коалицијатаЗа подобра Македонијаводи по првиот круг во Сопиште со освени 1.198 гласови пред актуелниот градоначалник Љупчо Кец Мицковски од СДСМ со 1.056 гласови.

Во Вториот круг во Старо Нагоричане ќе се сретнат Мидораг Јовановиќ од коалицијатаЗа подобра Македонијасо освоени 1.025 гласови и Власте Димковиќ од СДСМ со 976 гласови.

Во вториот круг во Струга силите ќе ги одмерат актуелниот градоначалник и кандидат на ДУИ Рамиоз Мерко со освоени 9.150 гласови и Фиајат Цаноски од ПЕИ со 7.331 глас.

Втор круг ќе има и во Тераце каде ќе се сретнат Исен Асани од ДУИ со 4.491 глас и Селејдин Бехадини од ДПА со 2.473 гласови.

За градоначалничката функција во Тетово во втриот круг ќе се борат актуелниот градоначалник Хазби Лика од ДУИ со 11.951 глас и Сади Беџети од ДПА со 11.854 гласови.

Во Чешиново Облешево во вториот круг ќе се сретнат Јорданчо Левков од коалицијатаЗа подобра Македонијасо освени 1.638 гласови и Орце Митров од СДСМ, ЛДП и НСДП со 1.560 гласови.