ДИК ги објави првичните резултати од локалните избори

МИА

13.03.2005

Според податоците на ДИК, во Осломеј во првиот победи кандидатката на ДУИ Садику Сание, а во Карбинци за градоначалник е избран кандидатот на коалицијата „За Македонија заедно“ Борис Гаврилов.

Како што соопшти портпаролот на ДИК Зоран Такневски, градоначалник на Ресен ќе биде Димитар Бузлевски од СДСМ, кој исто така е избран во првиот круг.

Во вториот круг во Теарце одат кандидатите на ДПА/ПДП Сали Јонузи и на ДУИ Рами Ќарими, во Зрновци во вториот круг одат кандидатите на коалицијата „ЗА“ Михаил Гаврилов и на Здружената опозиција Благој Николов.

Што се однесува до советничките листи, во Осломеј, од листата на советници на ДПА/ПДП се избрани двајца кандидати, а од листата на ДУИ 13 кандидати. Во Теарце од листата на ДПА/ПДП се избрани седум советници, од група избирачи еден, од ДУИ 10 и од коалицијата „ЗА“ еден кандидат.

Во Карбинци од листата на кандидати за советници на ВМРО - Народна партија е избран еден советник, од листата на коалицијата „ЗА“ има шест и од листата на здружената опозиција има двајца советници.

Општината Зрновци има избрано двајца кандидати од советничката листат на коалицијата преводена од СДСМ, од Демократско републиканската унија на Македонија има двајца, од листата на ВМРО-НП еден, од листата на Здружената опозиција двајца и од група избирачки уште двајца советници.

За Ресен, од листа на ДПА/ДПД е избран еден совтеник, од листата предоводена од СДСМ има осум советници, од листата на кандидати на здружената опозиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ има петмина и од листата на ДУИ еден советник.

МОСТ: Костовски е нов градоначалник на Скопје

13.03.2005

Според првичните, неофицијални податоци од граѓанската асоцијација МОСТ, Трифун Костовски е новиот градоначалник на Скопје.

Кандидатите за градоначалници, според МОСТ, ги освоија следните гласови:

Трифун Костовски - 53,36%
Ристо Пенов - 31,02%
Артим Нагавци - 6,91%
Сами Фејзула - 6,86%
Џезаир Шакири - 1,45%

Граѓанската асоцијација МОСТ ги објави и освоените места во Советот на град Скопје:

„За Македонија заедно“ - 16
„Здружена опозиција“ - 13
ВМРО НП - 14
ДУИ - 3
ДПА-ПДП -3
ДА - 3
Лига за демократија - 2
НДП - 1

Неофицијални резултати според партиските штабови

13.03.2005

Според информациите добиени од партиските штабови, во првиот изборен круг извојувани се победи во следниве општини:

„За Македонија заедно“: Велес, Демир Хисар, Кардинци, Демир Капија, Центар Жупа, Вранешница, Кавадарци, Пласница, Росоман, Старо Нагоричане, Струмица и Ресен.
„Здружена опозиција“: Могила, Новаци, Градско и Валандово.
ДУИ: Боговиње, Гостивар, Зајас и Осломеј.
ДПА: Сарај, Врапчиште и Студеничани.

Според ИШ на Трифун Костовски, досега преброените гласови навестуваат победа на нивниот кандидат во првиот круг од изборите.