|
ПРОФ.
НЕСТОР
ОГИНАР, ШЕФ
НА
ПОСТОЈАНАТА
МИСИЈА НА
СВЕТСКИОТ
МАКЕДОНСКИ
КОНГРЕС ВО
ООН ГРАДЕТЕ
ГО СКОПЈЕ И
МАКЕДОНИЈА! 8
февруари 2010
година,
Њујорк, САД (СМК)
- Го
пренесуваме
интервјуто
на професор
Нестор
Огинар, шеф
на
Постојаната
мисија на
Светскиот
Македонски
Конгрес при
Обединетите
Нациии во
Њујорк за
владиниот
проект „Скопје
2014“. Господине
Огинар, како
ги
коментирате
реакциите
за
урбанистичкиот
проект „Скопје
2014“? Нестор
ОГИНАР:
Последниве
неколку
денови
преку
македонските
медиуми ја
следам
дебатата за
изградба на
Скопје до 2014
година и
сметам дека
е
непотребно
издраматизирана
и
исполитизирана.
Наместо да
се води
разумна,
стручна и
јавна
расправа за
тоа што е
суштина на
тој
урбанистички
план, кои се
целите и
придобивките
од него, како
и на кој
начин тоа ќе
придонесе
за
доизградување
и
дефинирање
на
македонскиот
национален
и културен
идентитет,
во јавноста
таа
расправа
дегенерира
до степен на
најниски
оптужувања,
клеветења и
префрлања,
што не се
достојни на
една земја и
еден народ
каков што е
македонскиот. Вие
сте за или
против
проектот „Скопје
2014“? Нестор
ОГИНАР:
Прашањето
дали сте за
или против
урбанистичкиот
план е во
најмала
рака
несоодветно
и како такво
не треба да
биде ниту
поставено
затоа што
како веќе и
гледаме, ги
дели луѓето
автоматски
по партиска
линија и им
ја одзема
слободата
да му
пријдат на
тој концепт
од
практична, а
пред се
естетска
перспектива.
Во принцип,
лично сум
убеден, како
Македонец,
како човек
роден во
Скопје пред 63
години, како
жител на тој
град, и како
интелектуалец
кој што го
познава
глобалниот
свет, дека е
за
поздравување
на секој
обид со кој
на мојот
роден град и
македонската
метропола
му е
неопходен
печат што ќе
ја
отсликува
неговата
повеќеилјадна
годишна
историја и
ќе го
одразува
духот на
еден град
кој во разни
ери на
неговото
постоење
бил
уништуван,
пален,
уриван,
ограбуван,
обезличуван
и од
природни и
од човечки
чинители, но
кој што
секогаш,
повторно и
непогрешливо,
на еден или
друг начин
воскреснуваал
од пепелта
како
Фениксот. Што
за вас значи
одот на
градот низ
историјата
и владиниот
проект за
негова
доградба? Нестор
ОГИНАР:
Да не одам
многу низ
историјата
и сите
злодела
починети
врз нашиот
град: од Рим,
преку
Пиколомини,
преку
Отоманската
Империја и
конунистичкиот
тоталитаризам.
Скопје е
неуништиво
како што е
неуништив и
духот на
мојот
македонскиот
народ! Затоа
треба да се
гради, со
умисла, со
вкус, со
чувство за
минатото но
и со поглед
кон
иднината. Не
можам да
разберам
зошто некои
луѓе се
параноидни
кога се
работи за
проекти што
треба да го
дефинираат
портретот и
ликот на
еден град, на
една земја,
на еден
народ? Кому
му пречи тоа
што во
Македонија
конечно се
буди духот
на Македон?
Кој може и
има право да
го негира
местото,
географско,
историско и
кутлурно на
Скопје и на
Македонија
во
Југостисточниот
дел на
Европскиот
континенет?
Кој се плаши
од луѓе со
визионерски
дух, кои што
во иднината
гледаат низ
огледалото
на минатото.
Кога
потребата
за преродба
на еден
народ
станува
иманентна,
тогаш сите
мораме да се
вплотиме во
нејзина
функција и
извршување. Која
е Вашата
порака до
жителите на
Скопје, до
Владата? Нестор
ОГИНАР:
Има многу да
се каже за
сето ова
иако
одговорите
на сите тие
прашања не
се
едноставни.
Но, ако ме
прашате
мене, дали
треба да се
гради или да
се живее врз
пепелта на
едно минато,
карактеризирано
со грабеж,
корупција,
апатија и
вулгарна
борба за
власт, тогаш
ќе речам,:
ГРАДЕТЕ! И не
само во
Скопје, туку
и ширум цела
Македонија.
Засукајте
ги ракавите
и градете,
наместо да
безделничите
по
оштурените
плоштади и
улици,
обезличени
од
апатијата
на едно „транзициско“
време на кое
мора да му се
стави крај!
Еден ден
кога ќе ги
нема оние
партии кои
што како
мршојадци
ја колваат
Македонија,
нашите
внуци и
правнуци ќе
речат: Ви
благодариме
за она што ни
го
оставивте
во
заедничко
национално
македонско
наследство,
што ни
дадовте
пример за
работа, а
сега и ние ќе
градиме
понатаму
зашто нема
иднина без
минато, ниту
сегашност
без визија
за иднината!
Колку е
убаво да го
слушнеме
гласот на
нашите
потомци
како велат:
Македонија
ја градеа
луѓе без
страв од
политичка
коректност.
Сега е време
за градење
на се што го
прави
животот на
македонскиот
народ
исполнет со
содржина,
што му дава
храброст,
што го
инспирира
на
трудољубивост
и што го
исполнува
со гордост и
достоинстvo.
|