Божикни
размислувања
Нестор
Огинар
На
календарот
на нашата
древна
Македонска
православна
црква Божик е
ден на кој
сите ние,
Македонците,
без оглед на
тоа дали
живееме во
Македонија
или, пак,
некаде по
бескрајните
простори на
македонскиот
прогон,
стоиме
обединети во
таа наша
црква преку
нашата
безусловна
љубов и вера
во Бога, во
Исус Христос,
во човекот, во
божјата
мајка
Богородица,
во нашата
мајка
Македонија,
во чии вечни и
топли пазуви
првпат ја
осознаваме
радоста на
битисувањето,
магичната
убавина на
душата и
волшебните
тајни на
животот.
Ако постои
празник на
кој целиот
македонски
народ, воден
од
непресушниот
копнеж на
душата се
враќа назад,
во еден
заеднички
ритуал, по
завеаните
патеки на
минатото, до
самиот извор
на животот, до
пречистата
утроба на
мајката, тоа е
Божик.
За нас
Македонците,
такви какви
што сме под
сонцето,
неопеан,
непризнаен,
трагичен, но
жилав народ,
Божик од
памтивек ја
симболизирал
праисконската
врска на
човекот со
Господа, на
детето со
мајката, на
Македонецот
со
Македонија:
онаа
Македонија,
онаа древна,
света,
библиска и
мистична
земја, во чии
што
длабочини
почиваат
нашите
корени и
темелите на
христијанството
на
Македонската
православна
црква и на
победата на
неуништивиот
човечки дух
над сите
искушенија и
зла на светот.
Годинава
Македонија
како што
прилега, го
слави
раѓањето на
Човекољубецот
Исус Христос
под
мистичните
контури на
нејзините
вечни брда и
планини
покриени со
белината на
снегот, како и
под
безбројните
сводови на
нејзините
цркви и
храмови низ
светот.
Дотаму до
каде што
горат
свеќите и
кандилата
запалени од
побожната
рака на
македонскиот
народ, дотаму
гори и огинот
на верата и
надежта на
тој народ со
молитва и тој
да живее и
твори
слободно и
достоинствено
во очите на
Бога.
Ние
Македонците
тоа не смееме
да го
заборавиме.
Во овие тешки
времиња
полни со
искушенија
за целото
човештво, но
посебно за
нас,
неопходно е
да веруваме
во нас самите,
онака како
што веруваме
и во
Христовото
раѓање. Не
смееме да
забораваме
дека
Македонија
ни припаѓа на
сите нас, каде
и да сме и
дека ќе
можеме да ја
зачуваме
единствено
преку нашата
безусловна
љубов кон неа.
Зашто
Македонија
неслучајно
отсекогаш
била
нарекувана
природен
храм на
љубовта на
Бога кон
човекот.
Македонија
отсекогаш
претставувала
постојана и
вечна
изложба на
тајните на
човечката
природа,
искапана од
светлите
зраци на
сонцето
разлеани од
Божјата рака
како грст
бисери врз
плодната
Македонска
земја.
Ете, таква е
таа
Македонија
за која јас
размислувам
овие божикни
денови
бескрајно
далеку од неа.
Таа и таква
Македонија,
со сите
нејзини
праисконски
вредности,
ние
Македонците
мораме да ја
чуваме
негуваме и
почитуваме,
онака како
што мајката
го чува
своето чедо,
онака како
што чедото ја
чува и
почитува
својата
мајка. Таква е
таа
Македонија
која сите,
секој од нас
ја носи во
својот ум, во
својот дух и
во своето
срце. Ја
носиме во нас
и оваа година,
сакајќи ја
копнејќи за
неа, мислејќи
на неа и
славејќи го
со неа
Христовото
рождество во
еден
заеднички и
незаборавен
ритуал низ
светот.