Декември 13,2009 Стерлинг Хајтс, Мичиген/САД  www.Makedonija.tv  urednik@makedonija.tv

Душко (Даниел) Симјановски е поранешен Потпретседател на Црковниот одбор (кога Претседател беше Светозар Стамевски)и член на Црковната Управа, активен член на Македонски Американски Совет

Далибор Димовски е поранешен член на Црковната Управа и активист на Младо друштво ПОЛОГ

На вонредното/предвремено Собрание свикано по барање на верниците-членови до надлежниот Архиереј за САД и Канада, Владиката   Методија,  денес на 13 Декември 2009, на местото од неодамна отповиканите раководители на Црковната Управа  беа избрани  нов Претседател и Секретар на Црковниот Одбор.

По неколку минутното чекање да се добие благослов од Владиката Методија и дадената дозвола  свештениците да прочитаат молитва пред одржувањето на Собранието, истото ја продолжи својата работа.

Откако беше утврдено дека Собранието има кворум, едногласно и со јавно гласање беа избрани нов Претседател и Секретар на Црковниот Одбор, како и потвредена порано избраната  Црковна Управа.

На ова Собрание кое што е трето собрание  што се одржува од редовното Изборно Собрание во Фебруари оваа година, кога и беа избрани раководните тела, му претходеа повеќе средби, состаноци, контроли на работата на Управнот Одбори и посебно Претседателот и Секретарот, кои како резултат на проверките од Контролната Комисија на крајот  и беа отповикани од своите должности на вонредно Собрание во Ноември оваа година.

Дека работите не се како што треба беше сигнализирано до  надлежниот Архиереј Методија уште во Фебруари 2009. Откако детален записник од видео лентата од Собранието му беше испратен на надлежниот Архиереј за САД и Канада, активностите кои следеа како резултат дадоа само смена на Претседателот и Секретарот  избрани на Собранието во Фебруари, но не ги исправи забелешките  во врска со разликите  и непотполностите на Записникот од Собранието. Имено, останува да се поправи и надополни листата со имињата на Управата избрана на тоа Собрание (испратена од канцеларијата на надлежниот Архиереј) што на неразбирлив начин не беше поправена и од неа се уште останаа испуштени имиња на луѓе кои легално беа избрани на Собранието во Фебруари 2009.

Ова уште еднаш пред присутните на денешното Собрание јавно  го потенцираше со свое барање Др.Стојадин Наумовски, кој што реагираше на причитаната листа имиња, затоа што лично преписот со фактите од видео записот од Собранието го доставил после одржувањето на истото до канцеларијата на надлежниот Архиереј за САД и Канада, Владиката Методија, а кои факти не  беа прикажани во прочитаниот список на Собранието денес.

На Крајот беше донесена и Одлука на Собранието со која што на Архиерејскиот намесник Прота Томе Стаматов официјално му се порачува дека е непожелна личност во Македонската Заедница во Детроит. Се чини дека на Македонците од Детроит им е доста од интриги и обиди на некои мрачни сили да ги делат, а како такво беше окарактеризирано и т.н. Собрание што Прота Томе Стаматов се обидел да го направи со одбрана помала листа на луѓе само ден порано од денешното уредно свикано Собрание. Слично искуство Македонците од Детроит има во последните неколку  години кога речиси редовно ба свикувани паралелни собранија.

На крај и порака до сите: Македонската Православна Црква е народна и соборна, а не само членска. Нашата Македонска Црква се Македонците насекаде по светот па и   низ Америка и Канада, а не само нивните црковните храмови и управни одбори.