| Солана: „Македонија и
Грција мора да го решат прашањето за името" МИА


12.04.2005

„Ова прашање мора да се реши"
Македонија и Грција мора да го решат прашањето околу името за кое
деновиве добија предлог-решение од ОН и се надевам дека Македонците ќе
се согласат, вели во разговор за денешното издание на емисијата „Зебра",
Хавиер Солана.
„Ова прашање мора да се реши.
Обединетите Нации имаат тело кое е одговорно за тоа, и кое во
изминатите денови излезе со предлог. Тој им е доставен и на двете
страни. Се надевам дека, сега зборувајќи ви на Вас, не им зборувам на
Грците туку на Македонците, дека ќе ја прифатат позицијата на
Генералниот секретар на ОН“, вели Солана.
Во врска со впечатокот што Македонија го остави во ЕУ со изборите,
Солана смета дека тоа нема да предизвика негативен ефект.
„Не мислам дека работите ќе имаат
негативен ефект, но важно е дека ваквите нешта не треба да се
случуваат повеќе и дека луѓето се свесни за важноста дека изборниот
процес е чист, добро спроведен и според правилата дадени од ОБСЕ, ЕУ,
меѓународните организации“.
Тој е оптимист и дека во ЕУ не е спласнат ентузијазмот за ново
проширување на Унијата.
„Не се изморени. Имаме обврски кон
земјите од Балканот и сакаме да ве видиме во ЕУ. Тоа е процес кој
зависи од двете страни, но главно зависи од вас. Но, не сме изморени.
Го очекуваме влегувањето на земјите од Западен Балкан“, вели Солана.
Европскиот претставник не се знае дали и до кога ќе биде продолжен
мандатот на мисијата Проксима во Македонија.
„Имаме договор со владата, ако биде
неопходно да го продолжиме ќе го продолжиме. Генерално, ако е
неопходно, ние нема да ја продолжиме од две причини. Прво, земјата
треба да има чуства дека има контрола над се, а второ, ние имаме
одговорности во повеќе делови од светот и немаме доволно средства и
луѓе. Затоа, ќе треба да ги испратиме на друго место каде се
попотребни во полицијата, војската или за економска помош“.
За тоа каква е позицијата на ЕУ околу фактот дека демаркацијата на
северната граница меѓу Македонија и Косово не е завршена Солана со
став:
„Демаркацијата ќе биде завршена кога
ќе се реши финалниот статус на Косово. Не гледам дека од денешен
аспект со зрелоста на мнозинството од луѓето и од лидерите во регионот,
може да има опасност за стабилноста и во иднина. Знам дека ќе има
анализи како Косово се однесува од аспект на стандардите. Тоа означува
многу нешта, но најважен елемент во овој притисок за стандардите е
почитувањето на малцинствата. Почитувањето на нивните права треба да
биде во целост спроведено“, рече Солана.
„Врз таа основа ќе бидат оценети
напорите на Косоварите. Во таа анализа, ќе се објави почетокот на
решавање на статусот, како тоа ќе биде направено, рано е да се каже.
Одлуката треба да биде донесена од Генералниот секретар на ОН во
соработка со Советот за безбедност и во добра соработка со косовските
сили, луѓето и властите во Приштина. Исто така ќе има разговори и меѓу
Белград и Приштина - ова е за мене многу важно“, нагласи Солана.
По најавите на одбраната на екс министерот Љубе Бошковски дека ќе
го повика како сведок дека Солана во изјавата за емисијата Зебра,
потврдува дека како и до сега во целост ќе соработува со Трибуналот.
|