|
Непознати сторители изминатата ноќ ги искршиле надгробните плочи на 35 гробови на православните гробишта во гостиварското село Чајле, а потоа го скршиле катанецот и бравата на црквата „Свети Атанасиј“и извршле големи ошетувања на предметите шо се наоѓале внатре. Според зборовите на членот на црковниот одбор на црквата Свети Атанасиј Војо Стојановски ова е трето сквернавење на тој сакрален објект во последните две години, а сторителите се уште не се откриени. Стручна екипа на СВР Гостивар изврши увид на сквернавените гробови и на помошната просторија на црквата Свети Атанасиј во селото Чајле, по што е покрената истрага за откривање на сторителите на овој нецивилизарн чин. |
Tekstot e prevzemen od A1 TV
Komentar:
Makedonija.TV javno go osuduva maltretiranjeto na snimatelot/novinarot na TV TERA-Bitola od strana na Policijata, kako i odzemanjeto na snimena lenta so matrijal od zaloznickata drama vo Bitola. Nastanot ne pridonesuva za imidzot na Makedonija kako zemja so sloboda na informiranje, a samo podsetuva na nastan vo vreme na izbornata kampanja koga predavatelot na TV TERA bese isklucuvan na poveke pati vo vreme koga se reprizirase predizborna debata vo koja ucestvuvaa i pretstavnici na partiite od makedonskata Dijaspora; POMNI, Makedonska Alijansa, VMRO_Makedonska i Socijalisticka Partija na Makedonija. Vakvi i slicni nastani mora da ostanat vo minatoto, a na vistinata da i se gleda vlice i otvoreno.
Eve go koregiraniot tekst sto go objavi A1 TV za odzemenata kaseta na TV TERA!
Едно лице е убиено, а едно малолетно дете е повредено во заложничката драма што до доцна синоќа траеше во битолската населба Баир. Битолската полиција потврди дека Даут Меметовски (35) од Струга, вооружен со калашников и две бомби кашикари, дошол во домот на битолчанецот Султан Реџеповски во намера да си ја бара сопругата која пребегала за Султан. Во домот на Реџеповски биле само неговите две малолетни деца што Даут Меметовски ги земал како заложници. Соседите ја известиле полицијата за настанот и по пристигнувањето на припадниците на МВР, Меметовски активирал една кашикара при што осумгодишното дете на Реџеповски било повредено. Повеќечасовното убедување Меметовски да ги предаде децата не дало резултат, а во еден момент, кога тој се обидел да ја нападне полицијата со бомби и автоматско оружје, бил убиен. По акцијата на полицијата, снимателот на „Тера Телевизија“ Тони Тошевски, во раните утрински часови во обид да сними, бил нападнат од седуммина припадници на МВР, кои со разни пцости и навредувачки зборови насилнички се однесувале кон снимателот, и му ја одзеле камерата и касетата, а тој бил приведен во битолската полиција, Снимениот материјал по инсистрирање на телевизијата беше вратен денеска по 13 часот. „Тера Телевизија“ заради ваквиот однос на припадниците на МВР упати протесни писма до сите релевантни институции во Македонија и меѓународните организации. Здружението на новинарите реагира поради ваквиот однос на полицијата кон колегите новинари од „Тера“ и смета дека со тоа им е оневозможено да ја извршуаваат својата професионална задача. Регионалниот центар на ЗНМ од Битола јавно го повикува министерот Костов, и првите луѓе на битолската полиција да преземат мерки во иднина да не се случуваат вакви инциденти кои се удар врз слободата на новинарите. А МВР соопшти дека во текот на заложничката драма во Битола биле преземени и мерки за заштита на присутните претставници од средствата за информирање како и на граѓаните кои се наоѓале на местото на настанот. Во овие ремаки по извршените активности од страна на припадници на полицијата снимателот на ТВ „Тера“ бил однесен во СВР Битола при што му биле одземена и подоцна вратена касетата со снимки од настанот. Од страна на МВР и СВР Битола ќе бидат преземени сите мерки за преиспитување на случајот и доколку биде потребно ќе бидат преземени натамошни мерки, се вели во соопштението.
Prevzemeno ot A1-TV
|