|
Prevzemeno
od Utrinski Vesnik
Се'
ми зеде,
животе!

Пепи
Бафтировски
беше човек
кој со
својата
песна се
наметна
како
бележита
фигура на
македонската
новосоздадена
народна
песна
Јасминка
Павловска
Тажните
вести,
колку и да
се
составен
дел од
животот,
колку и да
се
најавувани
и
очекувани,
никогаш не
можат да не'
најдат „подготвени“.
Дури ни
кога
доаѓаат од
далечина,
како онаа
пристигната
на
Велипеток
(25 април 2008), од
Чикаго, САД,
дека по
тешко
боледување
почина
Пепи
Бафтировски,
човекот
кој со
својата
песна и
специфична
интерпретација
се наметна
како
бележита
фигура на
македонската
новосоздадена
народна
песна.
Опусот
песни на
Пепи
Бафтировски,
иако
создадени
од повеќе
автори од
оваа сфера
на
музиката,
сепак,
најмногу и
пред се' се
врзуваат
за него
како
интерпретатор,
кој им ја
одреди
емоцијата,
карактеристиката
и
блискоста
со
публиката.
„Ако
згрешам“, „Само
една песна“,
„Сине мој“, „Друга
љубов не
сакам“, „Параходот
Донке
заминува“, „Заветна“,
„Се' ми зема
животе“...
кој не само
што се
врзуваат
за
кариерата
на Пепи,
туку се и
мошне
препознатливи
моменти од
еден
плоден
период на
постоењето
на
македонската
новосоздадена
народна
песна, кој
успеа да се
наметне
како
автентичен.
Тоа се
едноставно
белег -
песни!
Животот и
пејачката
кариера на
Пепи
Бафтировски
ја имаат
динамиката
и
драматиката
на една
печалбарска
судбина. По
урнекот на
вистинските
ѕвезди од
неговата
младост,
Пепи
секогаш
одредени
моменти од
својата
биографија
ги
оставаше „недокажани“,
за да го
имаат
здивот на
мистеријата.
Познато е
дека е
роден во
Битола, но
никогаш
прецизно
не ја откри
годината
на своето
раѓање, па
останува
во доменот
на
претпоставките
возраста
на која се
прости од
животот (66
години).
Колку што
беше
експресивен
во
емоциите
при
интерпретацијата
на песните,
толку беше
и „недопирлив“
за некои
обични
работи во
животот.
Всушност,
тој како да
сакаше да
ја отпее
својата
биографија,
а авторите
со кои
соработуваше:
Мате
Груевски,
Миле и
Ѓорѓи
Барбаровски,
Љупчо
Трајковски
- Фис... му
излегуваа
во пресрет.
Својата
пејачка
кариера ја
започнал
уште пред
првото
заминување
на печалба
во
Германија,
па во САД,
некаде на
почетокот
на
седумдесеттите
години на
дваесеттиот
век. Но,
вистинската
ѕвезда на
Пепи
Бафтировски
светна со
неговото
враќање во
1987 година на „Фолк
- фест
Валандово“
со песната
„Друга
љубов не
сакам“. Тоа,
сепак, беше
само проба
за враќање
во
татковината,
а
вистинското
големо
враќање го
направи
идната
година, 1988, со
песната „Ако
згрешам“.
Во таа
песна како
да беа
сублимирани
сите
негови
тогашни
лични
дилеми и
недоумици,
во кои свое
препознавање
најде и
публиката.
Кон крајот
на
осумдесеттите
и
почетокот
на
деведесеттите
години на
минатиот
век, Пепи
Бафтировски
живееше во
зенитот на
својата
популарност
во
Македонија,
но и во
македонската
дијаспора.
Во тој
период
издаде и
две - три
касети,
повторно
формираше
семејство,
но како
никогаш да
не успеа да
ја скраси
душата
ниту во
татковината.
Кога беше
во
Македонија,
како да
копнееше
по
туѓината, а
во
туѓината
се
отвораше
болката за
Македонија.
На
почетокот
од новиот
век
повторно
се реши за „печалбарската
авантура“
во САД,
Чикаго, на
која го
поведе и
своето
новоформирано
семејство.
Текот на
животот и
настаните
брзо го
носат
заборавот
за „старите
ѕвезди“. А
се чини
дека тоа
беше
најголемата
тага и
болка на
Пепи -
заборавот!
И пред
самиот
крај на
животот,
најавнат
од болеста (
рак на
белите
дробови)
Пепи се „јави“
од Америка -
дека би
сакал да се
врати во
татковината!
Кога
животот се'
му зеде,
Пепи сепак
остана
далеку од
родната
грутка, на
која
понекогаш
и' се'
лутеше, но
сепак
најмногу
ја сакаше...
Како во
сите
големи
љубови. А
тажната
вест за
неговата
смрт, сепак,
не' најде
неподготвени!
|